Пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации меѓу Португалија и Данска, капитенот на домашната селекција Кристијано Роналдо доби награда за влез во Гинисовата книга на рекорди.
Кристијано Роналдо ја коментираше ситуацијата со Расмус Хојлунд на натпреварот од Лигата на нации меѓу Португалија и Данска, кој „црвениот динамит“ го доби со 1:0. Победничкиот гол на натпреварот го постигна Хојлунд, кој го прослави со потегот наречен „сиу“, препознатлив само за Роналдо.