Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона потврди денеска дека во следните три недели ќе биде без Дани Олмо, откако играчот за врска на каталонскиот клуб го повреди десниот бутен мускул на првенствениот натпревар против Осасуна во четвртокот (3:0). Поради повредата, Олмо ќе мора да ги пропушти првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд, првенствениот натпревар против Џирона и реваншот од полуфиналето на Купот на Шпанија против . Олмо мораше да го напушти теренот на дуелот против Осасуна набргу откако постигна гол од пенал во 21. минута за да израмни на 2-0. Останатите голови во победата, со која Барселона по 28 кола во Ла Лига дојдоа до три бода предност на врвот на табелата, ги постигнаа Феран Торес и Роберт Левандовски, најдобриот стрелец во шпанското првенство со 23 голови. Kanal5