Победата „нероаѕурите“ ја обезбедија со двата гола во првото полувреме.
Прво Арнаутовиќ ја искористи асистенцијата на Димарко во 12. минута за во 29-тата Димарко одново да асистира, сега за Фратези. Sport1
Инзаги мислеше дека се е готово и повлече дел од стартерите од тимот, но ситуацијата се искомпликува кога Удинезе успеа да намали преку Соле во 71. минута.
Гостите притиснаа во обид да стигнат до израмнување, но голманот Зомер спречи зицер на Соле во судиското продолжение и Интер стигна до значајни три бода на овој натпревар. Ekipa