Милан одигра нерешено против Фиорентина (2-2) во дербито од 31. коло во италијанската Серија А. Фиорентина не можеше да посака подобар почеток на „Сан Сиро“, откако „росонерите“ си постигнаа автогол во седмата минута, а потоа Кин стрелаше за предност од 2-0 до 10. минута од средбата. Sport1
Абрахам во 23. минута успеа да намали на 1-2, враќајќи надеж за тимот на Пиоли.
Во второто полувреме, Јовиќ беше на вистинското место и со гол во 64. минута израмни на 2-2, враќајќи ја рамнотежата во натпреварот. Sportski