Елиф Елмас продолжи со серијата одлични игри во дресот на Торино, постигнувајќи гол за израмнување на ремито на домашен терен против Верона (1-1). „Торинезите“ беа на работ на пораз, кога Елмас презеде одговорност, влезе во шеснаесетникот, по што со милиметрски прецизен удар со левата нога го матираше противничкиот голман.
Елиф Елмас го реализираше третиот погодок за екипата на Торино, каде што се пресели на почетокот од годината, во јануари.