Реал Мадрид го очекува пеколно тешка задача да го елиминира Арсенал во четвртфиналето во Лигата на Шампионите со оглед на тоа што по првиот натпревар одигран во Лондон, Шпанците имаат негатива од три гола.
А, доколку самиот пласман во полуфиналето не е мотив сам по себе, сега фудбалерите на Реал Мадрид имаат и мотив повеќе со оглед на тоа што претседателот Флорентино Перез најавил голема премија за елиминација на Англичаните.