Maкедонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс е полн со самодоверба пред борбата за фајнл-фор во Евролигата со неговиот Париз, но нескромно се истакна себеси како најдобар плејмејкер во Евролигата.
Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е добитник на наградата „Алфонсо Форд“, која се доделува на најдобриот стрелец во Евролигата, за сезоната 2024/25. Нан имаше просек од 21,1 поен и заедно со плејмејкерот на Баерн Карсен Едвардс го соборија рекордот за најмногу постигнати поени во една сезона со 696.