Фудбалерите на Јувентус доживеаја стабилизација на играта откако кон крајот на март Игор Тудор седна на клупата на најтрофејниот италијански клуб како привремено решение по заминувањето на Тијаго Мота, а само три натпревари беа доволни за јавноста да дојде до заклучок дека Хрватот е трајно решение за клупата на “Старата дама”.
Кога пристигна во клубот во кој како фудбалер го помина поголемиот дел од кариерата, Тудор потпиша договор до крајот на сезоната со опција за продолжување во случај да се исполнат целите, меѓу кои највисоко место зазема пласманот во Лигата на шампионите.