Хау беше хоспитализиран минатата недела откако не се чувствуваше добро, а во негово отсуство веќе во неделата од клупата екипата ја водеа Џејсон Тиндал и Греам Џонс во домашната победа против Манчестер Јунајтед со 4:1. Њукасл до крајот на сезоната има уште седум натпревари во Премиер лигата, пред нив е голема борба за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, моментално е четврт со 56 бодови, еден повеќе има третиот Нотингем Форест, еден помалку има петтиот Манчестер Сити, а два помалку имаат шестиот Челзи и седмата Астон Вила. Sportski