Екипата на Наполи стигна до минимална, но важна победа на гостувањето кај Монца во рамките од 33. коло во Серија А. Монца го пречека Наполи како последна на табелата со само 15 бода, 11 помалку од Лече кој е прв над опасната зона, но сепак долго одолеваше на нападите на фаворитот.
Моментот на одлука се случи во 72. минута кога Скот Мектоминеј го постигна голот со кој Наполи дојде до трите бода.