Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат. „Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,“ изјави Шукова.
Каја Шукова / Фото: Фејсбук Шукова најави 100 нови мурали во Скопје Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во првата година од нејзиниот мандат. „Овие мурали нема да бидат само боја на ѕидовите, тие ќе носат пораки за надеж, култура, заедништво и љубов кон нашиот град,“ изјави Шукова, најавувајќи вклучување на локални уметници и млади креативци.
Најдобриот тенисер на светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше елиминиран во полуфиналето на Отвореното првенство на САД. Србинот беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз во Њујорк со 3:0, во сетови 6:4, 7:6(4), 6:2, а во финалето на третиот последователен грен слем, Алкараз ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.
Од: А1он Двајцата најдобри светски тенисери во моментов се изборија за нов финален меч на Грен слем турнир. Тие во полуфиналните дуели одиграни ноќеска забележаа победи.
Од: А1он „Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од 6-то одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина“ соопштија од Левица. Од партијата велат „овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да учат и да растат во здраво и безбедно училишно опкружување.
Фото: Левица-Аеродром Левица: Деца учат во влага и смрдеа во скопско училиште Учениците во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат во подруми со влага и смрдеа, објави денеска Левица. „Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од седмо одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина.
Аферата за следење политичари, новинари бизнисмени од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), преку партиските седишта, сега се префрли во Собрание. Пратениците не можат да се договорат да направат надзор врз АНБ, откако излегоа информациите за следење.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираат од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Тешко повредена скопјанка при влегување во лифт во зградата на МРТВ Скопјанка на возраст од 52 години вчера завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ. „На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ“, информираа од полицијата.
52-годишна жена од Скопје завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ. На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ, информираа од полицијата.
Ја слушнав изјавата на Касами и можам да кажам дека, за жал, влегува во фолклорот на опозициската ДУИ без потреба. Моја препорака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста за да се добијат гласови, туку треба да зборува за проектите во Тетово кои заедно, со поддршка на Владата, се направени за сите, изјави Мицкоски во Брвеница Уште непочната кампањата за локалните избори, владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и Вреди си разменија „воспитни“, иако предизборно се договорија за меѓусебна поддршка во некои општини.
По изјавата на градоначалникот на општина Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами дека не го поддржува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски за нов мандат во општина Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски вели дека е битно жителите на општина Брвеница да го поддржуваат градоначалникот. Сепак, премиерот го искритикува Касами.
Русија ќе ги врати своите замрзнати средства на Запад во натура, односно со територијата што ѝ беше предадена на Украина. Ова го коментираше заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев по повод предавањето на Лондон на Киев на 1,3 милијарди долари профит од руски средства.
Москва би можела да заплени британски средства и понатаму да ја проширува украинската територија поради неодамнешната употреба на замрзнати средства за да обезбеди дополнителна воена поддршка на руските трупи околу Киев, изјави во четврток заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. Во соопштението од британското Министерство за одбрана во среда се вели дека Лондон префрлил оружје и воена поддршка во вредност од повеќе од 1 милијарда фунти (1,3 милијарди долари), за кои тврди дека се купени со пари собрани од замрзнатите руски средства.
Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI ФОТО+ВИДЕО: Емотивни сцени во Буенос Аирес, Меси со два гола се збогуваше од домашната публика Изминатата вечер репрезентацијата на Аргентина која својот настап на Мундијалот го обезбеди уште претходно славеше победа над Венецуела со 3-0, а овој натпревар беше посебен поради Лионел Меси. Имено,, за Меси ова беше последен настап репрезентацијата на Аргентина на домашен терен, па поради тоа донесе и многу емоции.
На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес се собраа 85 илјади гледачи кои два часа му скандираа и пееја на својот миленик и му се поклонија за сето она што го направи во двете децении како репрезентативец. Некогашната суперѕвезда на Барселона не можеше да сокрие емоциите, колку и да се обидуваше се гледаше дека солзите навираат и дека не е имун на љубовта која ја добива од навивачите.
Само една недела пред светот да ја добие веста за неговата смрт, легендарниот моден креатор Џорџо Армани даде интервју за „Фајненшл тајмс“, во кое откри кој ќе ја наследи неговата империја. Во разговорот, Армани објасни дека планирал постепено да ја предаде управувачката палка на компанијата, која во 2024 година оствари приходи од 2,3 милијарди евра и чиј единствен сопственик беше до крајот на својот живот.
Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Неговата компанија ја потврди веста со кратко соопштение: „Со бескрајна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“.