Кошаркарите на Реал Мадрид откако изгубија од Париз на Ти-Џеј Шортс во првиот меч од доигрувањето за влез во плејофот, ја искористија втората шанса која што ја пружа Евролига и го совладаа Баерн Минхен убедливо 93:71 за пласман во понатамошните борби.
Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа германски Баерн Минхен со 93:71 и со тоа го обезбедија последното место во плејофот за пласман на фајналфорот на Евролигата, а најдобар играч на победничката екипа беше Марио Хезоња со 19 поени, седум скока и една асистенција.