По 11 победи во низа и максимален ефект од почетокот на лигашкиот дел во Конференциската лига, Челси вечерва го доживеа првиот пораз во ова натпреварување.
На домашен терен, „сините“ загубија од Легија Варшава со 1-2, но поразот нема големо значење бидејќи минатата недела како гости славеа со 3-0. Лондонскиот тим загуби и од Сервет, но во квалификациите, додека од почетокот на лигашкиот дел имаше перфектен биланс. Sport1