На спротивната страна, пак, Фонсека со неколку замени успеа да го „разбуди“ својот тим и Толисо во 71. минута го врати Лион во живот (2-1). Само седум минути подоцна одбраната на Манчестер одново беше фатена на спиење и Таљафико израмни на 2-2. Со овој резултат се влезе во дополнителни триесет минути, во кои Лион играше со играч помалку, откако Толисо доби втор жолт картон и во 89. минута се упати во соблекувалната.