Актуелниот шампион на Италија, Интер го доживеа првиот пораз во Серија А по пауза од два месеца откако вечерва загуби на гостувањето кај Болоња со 0-1. Голот за победа, домаќините го постигнаа во 94. минута, а беше дело на Орсолини кој на фантастичен начин, со волеј, прифати една топка и ја смести во мрежата на „нераѕурите“.
Натпреварот не беше исклучително динамичен и квалитетен, 85 минути на теренот не се случуваше ништо, а потоа Болоња даде гас, изврши притисок во шеснаесетникот на Интер и на крајот дојде до посакуваниот гол и триумф.