Играчот од средниот ред на Селта, Илаис Мориба, беше цел на расистички напади од страна на навивачите на Барселона по саботниот натпревар од Примера, изјави тренерот на домашната екипа Клаудио Жиралдез.
Мориба (22) беше подложен на навреди од приврзаниците кога беше заменет доцна на натпреварот, кој Барселона го доби со 4-3. „Тажно е што ова продолжува да се случува во фудбалот“, изјави Жиралдес за медиумите.