Во изминативе денови се повеќе се шпекулира дека Реал Мадрид на крајот од сезоната ќе му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката, а наводно и Италијанецот е се повеќе свесен за тоа бидејќи веќе нашол нов ангажман.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вечерва ќе добие отказ доколку неговиот тим не оствари позитивен резултат во дербито од 32. коло во Примера против Атлетик од Билбао, пренесува шпанскиот портал Relevo.