Искусниот англиски фудбалер Џејми Варди потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти Лестер, чиј дрес го носеше во изминатите 13 години и го постигна најголемиот успех со освојување на Премиер лигата во сезоната 2015/16. Варди пристигна во Лестер во 2012 година од Флитвуд Таун и за кратко време стана миленик на навивачите на “лисиците”, кои во него гледаа симбол на лојалност и олицетворение на борбата за клупски успеси. Sportski