1 (3) ■ вести > балкан > регион ■ 26-Jul 08:30 -> 26-Jul 09:32
.
.
.

Акропол и археолошките локалитети во Атина и викендов затворени од 12 до 17 часот

  • Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.

14 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Jul 14:10 -> 25-Jul 20:30
.
.
.
.

Гаши денес е отпуштен од болница

  • Гаши пуштен на домашно лекување, институционалните активности ќе ги врши согласно медицинските препораки

  • Гаши: Се враќам на извршување на моите јавни должности

Собранието информира дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши е добра и стабилна.

Претседателот на Собранието Африм Гаши по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија денеска е пуштен на домашно лекување.

Претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на Фејсбук информира дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се враќа на неговите јавни должности.

15 (38) ■ вести > свет ■ 24-Jul 07:53 -> 26-Jul 08:41
.
.
.
.

Судирите Тајланд-Камбоџа може да ескалираат во војна, предупредува Тајланд

  • Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница, повредени двајца војници

  • Нови борби долж спорната граница меѓу Тајланд и Камбоџа

  • Бројот на жртви во Тајланд се искачи на 11, премиерот на Камбоџа го повика СБ на ОН итно да се состане за да „ја запре агресијата на Тајланд“

Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечачаи, денес изјави дека жестоките борби меѓу неговата држава и Камбоџа, во кои досега животот го загубија најмалку 16 лица, а стотици илјади се раселени, би можеле “да прераснат во отворена војна”, пренесе Би-Би-Си. Опомената на Вечачаи доаѓа во момент кога вооружените престрелки на оспоруваната граница влегуваат во втор ден, што претставува драматична ескалација на спорот кој датира повеќе од еден век.

Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.

Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.

Најмалку 11 цивили се убиени во нападите на Камбоџа во Тајланд, соопшти тајландското Министерство за здравство, пренесува Си-ен-ен. Камбоџа сè уште не пријавила никакви жртви од своја страна, додека премиерот на Камбоџа го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да свика „итен состанок“ за да „ја запре агресијата на Тајланд“, откако борбите се интензивираа меѓу соседите.

Повеќе од
оваа категорија

22 (23) ■ спорт > фудбал ■ 24-Jul 08:47 -> 25-Jul 17:11
.
.
.
.

Мато за делириум на „Градски“: Вардар води на полувреме против Лозана (ВИДЕО)

  • Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник

  • Вардар ја победи фаворизираната Лозана

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има водство од 1-0 на домашен терен против Лозана во натрпевар од 2. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечер ја пречекува Лозана во 2. квалификациско коло во Конференциската лига.

Голем успех постигнаа фудбалерите на Вардар кои вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Лозана со 2:1. Иако гостите од Швајцарија важеа за голем фаворит, избраниците на тренерот Гоце Седлоски одиграа извонредно борбено, пожртвувано и сосема заслужено остварија предност.

Повеќе од
оваа категорија