Тренерот на Милан Серџо Консеисао почна да има повеќе доверба во Лука Јовиќ а тој му врати со два гола во големото градско дерби, и тоа во полуфинале на Куп на Италија каде росонерите го згромија Интер со 0-3. По ремито 1-1 на првиот полуфинален дуел меѓу Милан и Интер, на реваншот фудбалерите на петкратниот европски шампион го шокираа градскиот ривал а и своите навивачи и блеснаа со триумф 0-3! Јунак на мечот и играч на натпреварот беше Лука Јовиќ со два гола, прво во 36-та минута а потоа и во 49-та минута. Off