Хојлунд во 96. минута го спаси Манчестер јунајтед од пораз, но помина уште еден меч без триумф за црвените ѓаволи во Англија, денешниот натпревар со Борнмут заврши 1-1. Аморим рече дека до крајот на сезоната фокусот ќе биде ставен на Лига Европа, а тоа се одразува на резултатите во Англија кои се очајни.
Денеска Јунајтед одигра реми на гостувањето кај Борнмут.