Екипата на Интер го доживеа третиот пораз во низа, втор во Серија А откако попладнево на домашен терен загуби од Рома со 0-1. Со тоа му даде можност на Наполи, со евентуално реми или победи вечерва против Торино да го преземе врвот на табелата во италијанското првенство, на четири кола пред крајот на сезоната.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, по елиминацијата од Купот на Италија подготвува сериозни кадровски резови, откако италијанските медиуми објавија дека Мехди Тареми и Кристијан Аслани ќе го напуштат клубот веднаш по отворањето на летниот трансфер-период.