Еден од најпознатите спортски новинари во светот, Фабрицио Романо, ја објави информацијата дека актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, договорил преземање на фудбалската репрезентација на Бразил.
Според информациите од овој новинар, Фудбалскиот сојуз на Бразил и Анчелоти ги договориле сите детали на соработката, а италијанскиот стручњак треба да ја преземе репрезентацијата веќе во јуни.
Ако, пак, не дојде до соработка со Анчелоти, Бразилците ќе се свртат кон Жорж Жезус, португалскиот стручњак кој моментално го води Ал Хилал.
Фото: Real Madrid C.F/X. Sportski
Еден од најтрофејните тренери во историјата го напушта клубот со кој освои три Лиги на шампионите и по две шпански првенства, Куп на кралот и клупски СП. Анчелоти ќе стане селектор на Бразил веднаш штом заврши шпанското првенство, што значи дека нема да го води Реал на клупското СП кое почнува средината на јуни.
Анчелоти требаше да биде на тоа натпреварување, но испаѓањето на Реал од Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите и поразот од Барселона во финалето на Купот на кралот го забрзаа неговото заминување. Sportski
Италијанскиот стратег го одработува вториот мандат во клубот откако пристигна во 2021 година, претходно го предводеше гигантот од Мадрид од 2013 до 2015 година.
На Реал му преостануваат уште пет натпревари до крајот во Ла Лига во кои ќе се обиде да го надополни заостанувањето од четири бода зад водечката Барселона, а потоа следи и Свветското клупско првенство каде што според дел од шпанската јавност Анчелоти нема да биде на клупата. Sport1
Италијанскиот тренер Карло Анчелоти на крајот на сезоната се очекува да го преземе кормилото на Бразил и да го напушти Реал Мадрид по лошите резултати со шпанскиот гигант. Sport1
Договорот ќе почне да важи од јуни, а не по Светското клупско првенство, како што се шпекулираше во дел од медиумите.
Италијанецот во кариерата работеше за Парма, Јувентус, Милан, ПСЖ, Баерн Минхен, Наполи, Евертон, Челси и Реал Мадрид. Sport1
Карло Анчелоти и дефинитивно нема да продолжи во Реал Мадрид, тој добил зелено светло да преговата за селекторската позиција во Бразил.
Информациите од Шпанија велат дека Анчелоти ќе стане селектор на Бразил пред почетокот на Светското клупско првенство. Sport1
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Информациите од Шпанија велат дека Реал Мадрид на Светското клупско првенство ќе го води Сантијаго Солари кој ќе биде назначен за привремен тренер на шпанскиот гигант.
Планот е по ова натпреварување Чаби Алонсо ќе го преземе кормилото на Реал Мадрид. Sport1
Анчелоти му кажувал на Перез дека тој и неговите помошници не можат да го завршат целиот посао за подготовка на натпреварите поради згуснатиот распоред и побарал клубот да вработи уште неколку тактички аналитичари за да му помогнат, но тоа не се случило.
Шпанскиот весник Релево наведува дека Анчелоти неколкупати го барал тоа од Перез, но претседателот на Реал не му излегол во пресрет, сметајќи дека стручниот штаб кој го има е доволно добар што се покажа во претходната сезона. Sportski
Фабрицио Романо сподели дека Анчелоти и Фудбалскиот сојуз на Бразил се договориле соработката да стартува уште од јуни.
Најавите дека италијанскиот стручњак ќе ја напушти клупата на Реал уште пред Светското клупско првенство веројатно ќе се исполнат, а промоција на кормилото на Бразилците се очекува набргу. Gol
“Тоа отсекогаш беше клучниот услов за Бразил: потпис пред Светското клупско првенство на ФИФА, не беше опција да се чека до јули”, посочи Романо. Sportski
Шпанските медиуми претходно објавија информации дека Реал Мадрид одлучил да му го исплати на тренерот Карло Анчелоти преостанатиот договор до последниот цент иако е јасно дека Италијанецот заминува, објави денеска шпанскиот Релево.
🚨🇧🇷 Brazilian Federation expect Carlo Ancelotti to be on the touchline already on the first week of June representing the Seleçao. It’s always been a key condition for Brazil: sign before the FIFA Club World Cup, not an option to wait until July. Sportski
Според „Скај Спортс“, Карло Анчелоти во текот на наредната недела ќе го напушти Реал Мадрид, тоа значи дека веќе го водеше тимот за последен пат.
Карло Анчелоти си подаде рака и ќе ја преземе клупата на репрезентацијата на Бразил.
Како што стојат работите актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ќе биде наследник на Карло Анчелоти кој според најавите кариерата ќе ја продолжи како селектор на Бразил.
Чаби Алонсо во наредните денови ќе соопшти дека заминува од Баер Леверкузен, а трансфер ќе направат и неколку од клучните играчи на тимот.
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ќе потпише нов договор со “кралскиот” клуб.
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува „Relevo“.
Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид достигна точка на вриење по поразот од Барселона во финалето на Копа дел Реј.
Капитенот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец, Лука Модриќ, влегол во физичка пресметка со соиграчот Антонио Ридигер во соблекувалната на Реал Мадрид, јавува шпанскиот медиум „Дон Балон“.
Раководството на Барселона ги продолжува преговорите со тренерот Ханси Флик за нов договор.
Германецот Ханси Флик ја предводеше Барселона до трофеите во шпанскиот Куп и Суперкуп, а исто така е во пол-позиција во трката за пехарот во Ла Лига, но и во Лигата на шампиони (ЛШ), па поради тоа каталонскиот гигант реши да го награди.