Не се споредувам со никого, а најмалку со Меси, изјави денеска напаѓачот на Барселона, Ламине Јамал, во пресрет на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер.
Долго време се шпекулираше дека Ламин Јамал ќе биде новата голема ѕвезда на светскиот фудбал, но по сè што направи и постигна на само 17 години, со право може да се каже дека младиот Шпанец веќе е меѓу елитата.