Саудиски Ал Наср, предводен од својата најголема ѕвезда, Португалецот Кристијано Роналдо, остана без пласман во финалето во Азиската лига на шампиони, откако вечерва во полуфиналето сензационално беше поразен од јапонски Кавасаки со 3-2. Уште во 10 минута, Ито му донесе водство на Кавасаки од 1-0, но таа предност ја анулираше Садио Мане во 28 минута.
Тимот на Ал Ахли за кој настапува македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, се пласираше во финалето на азиската Лига на шампиони, откако во полуфиналето ја елиминираше екипата на Ал Хилал со 1-3. Алисоки настапи од првата до последната минута, а веднаш во првите секунди доби жолт картон.