„Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините активности во согласност со мерките за лична заштита.
Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество, велат од Општината.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека во нападот при увид на дивоградба во скопската општина Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.
Добивај вести на Viber Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, говорејќи за денешниот инцидент на градоначалничката на Град Скопје, кажа дека Данела Арсовска не го потпишала полицискиот записник.