Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го казни ФК Гостивар со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД. Минатото коло донесе нов скандал во ПМФЛ, фудбалерите на Гостивар решија предвреме да го напуштат натпреварот против Работнички во знак на протест.
Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го казни ФК Гостивар со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД. ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот (службени простории) на натпреварот од 29. коло.