Шпанецот Јулен Лопетеги официјално ја презема репрезентацијата на Катар и ќе ја води оваа азиска земја низ сите следни предизвици, а дебитантскиот натпревар ќе го има на 5 јуни, кога неговата селекција ќе се сретне со Иран во квалификациите за Светското првенство.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, стана нов селектор на репрезентацијата на Катар, објави официјалната веб-страница на Катарската фудбалска асоцијација (QFA). Договорот со 58-годишниот шпански фудбалски стручњак е со важност до 2027 година.