Потегот на управата на фудбалскиот тим доаѓа откако Гостивар беше казнет со одземање девет поени, а сопственикот, тренерот и капитенот добија забрана за вршење спортска дејност во траење од две години поради тоа што пред две недели го напуштија теренот на мечот со фудбалскиот клуб Работнички, при водство на скопскиот клуб од 2:1. Тогаш, а и денес, гостиварци обвинуваа дека напуштањето на теренот било кулминација на многубројни нерегуларности со кои тимот се соочувал долго време. Fokus