Лукас Васкез со крајот на сезоната и дефинитивно ќе замине од редовите на Реал Мадрид со оглед на тоа што клубот не намерува да започне преговори со 33-годишникот за продолжување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) му изрече парична казна од 15.000 евра на Реал Мадрид поради расистичките пораки од навивачите за време на мечот против Арсенал во Лигата на шампиони (ЛШ). „Кралевите“, освен парична казна, добија предупредување дека ќе имаат забрана за гостински навивачи на еден меч доколку во следната година се повтори инцидентот.