По вторпат за шест дена Интер и Барселона одиграа европска фудбалска класика, откако шампионот на Италија победи со 4-3 или вкупни 7-6, со што се пласира во финалето на најквалитетното европско клупско натпреварување Во трилер-натпревар што ќе се памети со години, шпанска Барселона губеше со 0-2 и 2-3 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите (ЛШ) во Каталонија против италијански Интер, пред да се спаси со нерешен резултат 3-3. Во Милано, Барселона губеше со 0-2 на полувремето или вкупни 3-5, пред да постигне три гола во вториот дел. Novamakedonija