Салфорд ја заврши актуелната сезона на осмото место во Лига 2, со само еден бод помалку од Честерфилд, кој како седмопласиран избори пласман во плејофот за влез во Лига 1. Бекам и Невил мораа да најдат финансиска поддршка за овој амбициозен проект, и ја обезбедија преку бизнисмените Деклан Кели, основач на консултантската фирма „Консело“, и Мервин Дејвис, прв човек на Тениската федерација на Англија.