Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, истакна дека пласманот во финалето во Лига Европа ќе биде безвреден, доколку неговиот тим не ја освои титулата во сезоната во која има очајни настапи во домашното првенство.
Фудбалерите на Манчестер јунајтед се во финалето на Лига Европа, по двомеч во кој убедливо го совладаа Атлетик Билбао.