Баерн Минхен ги почна преговорите за трансфер на еден од најталентираните германски фудбалери, Флоријан Вирц.
Тимот веќе почнал преговори со Баер за потпишување на 22-годишниот играч од средниот ред.
Според овој извор, Леверкузен прави сè за нивната прва ѕвезда да не заврши во редовите на големиот ривал, затоа Баер му дал дозвола на Манчестер Сити да започне преговори со германскиот репрезентативец.
Но, колку и да звучи чудно, Баерн му нуди на Вирц поголеми примања, меѓу 20 и 25 милиони евра годишно, што Сити нема да му го понуди, бидејќи би ја нарушило нивната хиерархија. Sportski
Интересот за Вирц е голем, но во медиумите се појавија информации дека германскиот репрезентативец наводно веќе постигнал договор со новиот германски шампион Баерн Минхен.
Леверкузен е подготвен да го продаде Вирц дури и на Баерн, иако им е конкурент во Бундес лигата, меѓутоа за нив ќе важи „специјална цена“. Sport1
Со заминувањето на Чаби Алонсо се очекува да си заминат и најголемите ѕвезди на Баер Леверкузен. Sportski
Во Минхен сметаат дека Вирц и Та се совршени засилувања и главни цели за сезоната 2025/26 и во голема мера работат на потписот на двајцата.
Фото: Принтскрин. Sportski
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Новиот тренер на Реал Мадрид,Чаби Алонсо и официјално ќе ја преземе функцијата веднаш по завршувањето на сезоната, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
Реал Мадрид има ново тренерско решение – Чаби Алонсо ќе го преземе кормилото на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ и ќе го води тимот најмалку до јуни 2028 година.
Познатиот италијански тренер Карло Анчелоти дефинитивно ќе стане нов селектор на Бразил, потврди денеска Бразилската фудбалска конфедерација.
Карло Анчелоти е нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација!
, иконата на и еден од најуспешните германски фудбалери, неодамна објави дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти клубот каде што ја помина целата своја кариера - од десетгодишна возраст.
Томас Милер денес ќе влезе во историјата на германскиот фудбал и денес сè ќе биде во негов знак.
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, донесе одлука со која уште еднаш ја потврди позитивната атмосфера во редовите на францускиот гигант.
ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на Шампионите каде за противник ќе го има Интер.
Шпански Marca истакна момент од петтата минута од судиското продолжение во вчерашното Ел Класико и објави што се случувало во ВАР собата во тој момент.
Катастрофалното судење на вчерашното Ел Класико многу лесно можеше да придонесе за поинаков исход на крајот, но Барселона сепак заслужено славеше со 4-3 и е на чекор од нова шампионска титула.