Газдата на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис беше незадоволен по ремито на неговиот тим против Лестер (2-2) во 36. коло од Премиер лигата, со што екипата загуби бодови во трката за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ). Маринакис се симна на теренот и почна да се кара со тренерот Нуно Еспирито Санто, а тоа го снимија камерите, по што грчкиот милијардер реши да даде коментар.
Нотингем Форест не успеа да ги освои сите три бода против веќе испаднатиот Лестер Сити.