Второлигашот Башкими направи сензација на бараж-натпреварот во Кавадарци совладувајќи го досегашниот прволигаш Беса со 2-0 и успеа да обезбеди пласман во Првата фудбалска лига.
Првата Македонска фудбалска лига за следната сезона има 11 сигурни учесници, а последниот, 12-ти, ќе биде познат после одигрувањето на бараж-мечот помеѓу Беса и Башкими, кој се игра денес во 17 часот на „Градскиот стадион“ во Кавадарци.