Кога ќе најдете подобра преговарачка позиција за да се продолжи европскиот пат го запраша премиерот Мицкоски, претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Добро е што се усвои извештајот, но за жал, од друга страна, тоа е тотален дебакл и пораз на нашата дипломатија, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во изјава за Телевизија 24. Филипче во изјавата посочи дека македонскиот јазик е потврден, благодарение на државничките одлуки на Владата на СДСМ.
Ќе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како модерни Македонци, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за тоа дали Владата има временска рамка до кога ќе се обидува да изнајде некаква промена на нашата преговарачката позица или постои можност целиот владин мандат да помине во барањето на подобрата позиција.
Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.