Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас меѓу првите ја честиташе новата титула на неговиот поранешен клуб Наполи во Серија А. Наполитанците дојдоа и до втората титула во изминативе три години, по синоќешната победа од 2-0 против Каљаеи, па веднаш стигнаа бројни честитки и од поранешни фудбалери на клубот.
Меѓу нив и на Елиф Елмас, кој изминава полусезона на позајмица од Лајпциг ја мина во редовите на Торино. Ekipa