Штутгарт победи со 4-2 во финалето на Купот на Германија, и по четврти пат во својата историја, а прв после 28 години, го освои овој трофеј.
Интересно е дека и во 1997 година како и сега, во финалето победија третолигаш, тогаш Енерги Котбус, сега Арминија.
Веќе во 28.минута финалето беше решено откако Штутгарт поведе со 0:3 и тоа со головите на Волтемаде, Вилот и Ундав.
Во 66.минута Милот со уште еден гол донесе водство од 0:4. Арминија сепак успеа да го ублажи поразот со головите на Каниа и автоголот на Вагноман за конечни 2:4. Sportclub
Речиси цела Германија навиваше за Арминија, освен се разбира фановите на Штутгарт, да го освои пехарот во Купот на Германија.
Таа бајка на третолигашот од Билефелд да заврши на спектакуларен начин, но бадијала. Sportclub
Екипата на Арминија Билефелд пишуваше бајка во Купот на Германија, се до финалето, каде беше немоќна против Штутгарт и со пораз од 2-4 му го предаде трофејот на ривалот кој доаѓа од Бундеслигата. Gol
Тренерот на германскиот бундеслигаш, Штутгарт, Себастијан Хенес, изјави дека ја разбира фаворитската улога за неговиот тим во Куп-финалето против Арминија Билефелд, но најави дека „швабите“ ќе играат внимателно и без потценување на ривалот.
Арминија испиша историски успех и како третолигаш се избори за мечот кој може да ѝ донесе важен трофеј, но и Штутгарт има сѐ што е потребно за да се искачи на пиедесталот. Gol
Штутгарт е новиот освојувач на трофејот во Купот на Германија откако „швабите“ во големото финале славеа над третолигашот Арминија Билефелд со 4-2. Тимот на Арминија приреди неколку сензации на патот до ова финале, во полуфиналето го елиминираше бранителот на трофејот Баер Леверкузен, но третолигашката екипа немаше сили за изненадување во ова големо финале. Ekipa
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Се зголемуваат шансите за германскиот репрезентативец Флоријан Вирц да го засили Ливерпул.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!?
Леверкузен најде нов тренер – човекот кој разочара во Манчестер јунајтедЧаби Алонсо следната недела ќе биде претставен како нов тренер на Реал Мадрид, а наскоро и неговиот, сега веќе поранешен клуб, Леверкузен би можел да го промовира новиот шеф на струката.
Ерик тен Хаг најверојатно ќе го замени Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен.
Максимално емотивно беше попладнево во Мадрид, на мечот во кој Реал славеше над Реал Сосиедад со 2-0 во последната рунда од Примера дивизион.
АНЧЕЛОТИ СЕ ЗБОГУВА СО РЕАЛ МАДРИД Неговите зборови го расплакаа и Перез Ова беше приказна што никогаш нема да ја заборавам.
Реал Мадрид и официјално потврди дека Лука Модриќ по цели 13 години минати во клубот си заминува.
Лука Модриќ го одигра својот последен меч на „Сантијаго Бернабеу“, а по завршувањето на натпреварот хрватскиот генијалец застана на средината на теренот, обраќајќи им се на илјадниците навивачи на Реал Мадрид.
Teтекс одлично го започна натпреварот и дојде до предност од 2-0, но спека си дозволи во вториот дел набрзина да прими два гола со кои екипата на Големо Коњаре го израмни резултатот.
Екипите на Тетекс, Слога Виница и на Шкендија Арачиново се учесници во Втората лига од следната натперварувачка сезона откако овие тимови излегоа како победници од денешните бараж-дуели.
Додека машкиот тим на Арсенал повторно остана краток во трката за титули, навивачите на клубот конечно добија причина за вистинско славје и тоа благодарение на женскиот состав, кој се искачи на врвот на Европа.
Навивачите на Арсенал предолго чекаат нивниот клуб да освои некој позначаен трофеј, па останаа разочарани откако „топчиите“ повторно завршија втори во Премиер-лигата, а беа елиминирани и во полуфиналето од ЛШ од тимот на ПСЖ.