Поранешниот шпански фудалер, Алваро Арбелоа, ќе продолжи во својот омилен Реал Мадрид, каде ќе го води „Б“ тимот на „кралевите“, јавија медиумите на Пиринеите.
Реал Мадрид го именуваше Алваро Арбелоа за нов предводник на својот втор тим, Кастиља, откако клубот потврди дека се разделува со досегашниот тренер Раул Гонзалес.