По одбивањето од Џанпјеро Гасперини да ја преземе клупата на Јувентус и неговото преминување во Рома, како и решението на Антонио Конте да остане во Наполи, Старата дама се насочила кон нова цел, португалскиот стратег Марко Силва.
Ова го пренесува „Скај Спорт Италија“.Иако актуелниот тренер Игор Тудор се очекува да го води тимот на Светското клупско првенство, не се верува дека хрватскиот стручњак ќе биде долгорочно решение на клупата.