Шестиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако попладнево лесно се справи со Камерон Нори и го победи Британецот со 6:2, 6:3, 6:2 по два часа и 10 минути игра. Sitel
Новак Ѓоковиќ забележа нова максимална победа на Ролан Гарос, вкупно четврта без загубен сет, и обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Париз.Нова „жртва“ на Србинот беше тенисерот од Велика Британија, Камерон Нори, кој беше совладан со максимални 3-0 за малку повеќе од два часа игра.
Ѓоковиќ беше убедлив во сите три сета, па првиот го доби со 6-2, во вториот загуби еден гејм повеќе за 6-3, додека третиот сет заврши со идентичен резултат како и првиот, 6-2. Противник на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос ќе му биде Александер Зверев од Германија. Sportmanija