Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во две солунски болници, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.
Повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници, утрово ќе ги посети министерот за здравство Арбен Таравари, а ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.