Над 3.000 деца ќе имаат бесплатен влез на натпреварот Македонија – БелгијаФудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе овозможи бесплатен влез на источната трибина на Националната арена “Тодор Проески” за сите деца кои учествуваа на финалниот турнир во Детска лига и во проектот за училишен фудбал „Ајде на фудбал“, на престојниот натпревар меѓу Македонија и Белгија.
Одлуката, на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ доаѓа како признание за трудот и ентузијазмот на повеќе од 2000 деца од 96 екипи што беа дел од финалниот турнир во Детска лига и близу 1000 деца од основните училишта, дел од проектот “Ајде на фудбал”. Sportski