На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Албанија во Тирана.
Околу 2.000 припадници на полицијата ќе бидат ангажирани за гарантирање на безбедноста за утрешниот квалификациски натпревар за Светското првенство во фудбал 2026 меѓу Албанија и Србија, што ќе се одигра на стадионот „Арена Комбетаре“ („Ер Албанија“) во Тирана, јави порталот Балкан веб.
Албанија и Србија ќе се сретнат во сабота од 20:45 часот во Тирана, во натпревар од квалификациите за Светското првенство, а атмосферата околу мечот е далеку од обична – на улиците се веќе распоредени околу 2000 полицајци, а безбедносните мерки се на највисоко ниво.