Италијанскиот калчолигаш Интер бил сериозно заинтересиран за враќање на португалскиот стратег Жозе Мурињо на тренерската функција, но реализацијата на овој план била оневозможена поради постоечкиот договор на Мурињо со турскиот клуб Фенербахче.
Според информации од италијанските медиуми, откако Сеск Фабрегас ја одбил понудата да ја преземе функцијата тренер на Интер, управата на клубот, предводена од Џузепе Марота, го идентификувала Мурињо како прва алтернатива.Мурињо, кој во 2010 година со Интер ја освои историската тројна круна, бил подготвен веднаш да се врати во клубот, без да поставува финансиски услови, изразувајќи голем ентузијазам за повторна соработка.Сепак, пречка за реализацијата на договорот биле клаузулите во договорот со Фенербахче.Мурињо потпиша двегодишен договор со турскиот клуб со годишна плата од шест милиони евра.