Гасперини доаѓа во Рома по долга и успешна етапа како тренер на Аталанта, клуб кој го трансформираше во еден од најатрактивните и најконкурентни тимови во Серија А. Аталанта под негово водство кое почна во 2016 година, трипати заврши во меѓу четирите најдобри во италијанскиот шампионат и редовно настапуваше во европските натпреварувања, вклучувајќи го и историскиот трофеј во ланското издание во Лига Европа.