1 (20) ■ вести > македонија ■ 18-May 08:43 -> 18-May 12:15
.
.
.
.

Два земјотреси утринава ги разбудија граѓаните на Охрид и на Струга, епицентарот во Пештани

  • Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

  • Земјотрес во Македонија - еве каде е епицентарот

Два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга беа регистрирани рано утринава од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на околу 100 километри југозападно од Скопје.

Земјотрес во Македонија – еве каде е епицентарот 11:50, мај 18, 202511:54, мај 18, 2025 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрираа земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 5 часот и 7 минути во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

3 (21) ■ вести > свет ■ 18-May 06:06 -> 18-May 12:15
.
.
.
.

Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати

  • Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

  • Двајца загинати откако мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост

Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати 11:42, мај 18, 2025 Две лица загинаа, а 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

Фото: Принтскрин Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.

Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc), на кој имало 277 лица, останал без струја додека капетанот маневрирал во близина на мостот, соопшти њујоршката полиција.

4 (22) ■ вести > македонија ■ 16-May 15:12 -> 18-May 12:30
.
.
.
.

Спортско-рекреативен настан „Шпаркасе лајф - прв до врв“ на Водно

  • Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

  • „Прв до врв“ ќе затвори улици во Скопје, спортисти и рекреативци ќе итаат кон Водно

Тринаесеттото издание на спортско-рекреативниот настан „Шпаркасе лајф – прв до врв“ ќе се реализира денеска на планината Водно во Скопје.

На 18.05.2025 (недела) во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 09:45 часот со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“) и траса на движење на планинарите со почеток во 10:00 часот од пред О.У.„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно по планинската патека кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“) во Скопје.

Денеска во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“, кој секоја година обединува љубители на велосипедизмот, планинарењето и природата.

9 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 18-May 08:34 -> 18-May 12:30
.
.
.
.

ДУИ: Осуда за решението на Централниот регистар за прием на осуммина нови вработени без Албанец меѓу нив

  • ДУИ: Албанците не треба да бидат неми жртви, туку активни носители на отпорот

Демократската унија за интеграција најостро го осудува решението на Централниот регистар, како државна институција, за прием на осум нови вработени без ниту еден Албанец меѓу нив, иако институцијата сѐ уште не ја има исполнето уставната обврска за правична и адекватна застапеност.

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува решението на Централниот регистар, како државна институција, за прием на осум нови вработени без ниту еден Албанец меѓу нив, иако институцијата сѐ уште не ја има исполнето уставната обврска за правична и адекватна застапеност“, соопштија утрово од ДУИ.

11 (68) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 13:44 -> 18-May 06:21
.
.
.
.

„НАЈДОБРИТЕ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ИМА НА ПАЗАРОТ“: Мицкоски за условите за парите од Обединетото Кралство 'блиску сме до конечно решение'

  • Шесте милијарди евра од Договорот за стратешко партнерство ќе бидат достапни под најдобрите услови на пазарот, најави Мицкоски

  • Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

  • Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите

Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра, а условите под кои ќе бидат достапни овие средства се најдобрите што некој може да ги има на пазарот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра, а условите под кои ќе бидат достапни овие средства се најдобрите што некој може да ги има на пазарот.

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

Премиерите на Македонија Христијан Мицкоски и на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана го финализираат договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји.

12 (41) ■ вести > македонија ■ 17-May 15:20 -> 18-May 12:00
.
.
.
.

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

  • Николоски: Имаме спремни два проекти кои се околу 2,2 милијарди евра

  • Николоски: Ова беше процес кој траеше повеќе месеци, би рекол и години

  • ОВА НЕ Е ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ, ТУКУ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Би граделе и модерен клинички центар во Скопје

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен 11:49, мај 18, 202511:53, мај 18, 2025 Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното интервју на ТВ Сител обелодени ексклузивни детали за договорите со Велика Британија.

Министерот за транспорт, Александар Николоски зборуваше во последното интервју зборуваше за постигнатиот договор со Велика Британија.

Велика Британија нема ваков договор нема со никој во цела Југоисточна и Источна Европа, Македонија ќе е прва држава со која што Велика Британија ќе потпише договор за стратешка соработка и мислам дека тоа е една јасна политичка порака, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на Сител.

Повеќе од
оваа категорија

20 (35) ■ спорт > македонија ■ 16-May 11:34 -> 18-May 13:15
.
.
.
.

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

  • Ракометарите на Алкалоид тргнаа кон Атина за финалето во Европскиот куп (ФОТО)

  • Лазаров го одреди составот на Алкалоид со кој ќе тргне во финалната битка против АЕК

  • Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен.

Македонскиот ракометен тим Алкалоид замина кон Атина каде што в недела ја игра првата средба против АЕК од историското финале во Европскиот куп на ЕХФ.

Денеска од 18 часот во Атина, Алкалоид против АЕК го почнува финалето од ЕХФ Европскиот куп, познати се составите на двата тима за овој меч.

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.

Повеќе од
оваа категорија

191 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-May 15:37 -> 16-May 17:24
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

  • 89 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА HUPX На македонската берза МЕМО бројката изнесува 92,88

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за мегават час, а на MEMO 58,34 евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт.