Босанскиот напаѓач Един Џеко (39), кој по разделбата со Фенербахче моментално се наоѓа со репрезентацијата би можел наскоро да се врати во италијанската Серија А,. Џеко е без договор, а во последниот период се поврзуваше со Комо кој зад себе има одлична сезона во СеријА А. Сепак, според информации на добро упатениот новинар Николо Шира, во трката за потписот на популарниот „дијамант“ влегува и Болоња.
Италијанскиот прволигаш му понудил едногодишен договор со можност за продолжување до 2027 година, а преговорите веќе започнале.