Борусија Дортмунд попладнево официјално го потврди трансферот на Џоб Белингем, 19 годишното момче е рекордна продажба на Сандерленд во зделка вредна околу 32 милион фунти (околу 38 милиони евра). Џоб Белингем е нов фудбалер на Борусија Дортмунд, попладнево стави потпис на петгодишен договор и го одбра дресот со број 77. „Милионерите“ по секоја цена сака да го реализираат трансферот на време за Светското клупско првенство, па откако им беше одбиена првата понуда вредна 16,8 милиони фунти (околу 20 милиони евра) се вратија со значително подобрен предлог.